Во Словенија осомничена внука дека си ја убила 85-годишната баба

Осумдесет и петгодишна жена е убиена во Бертоки кај Копар, а нејзината внука е осомничена за злосторството, објавија словенечките медиуми.

Мотивот за убиството е непознат, а осомничената е во притвор.

За злосторството синоќа во полиција известил маж, кој пријавил дека во куќата нашол тело на жена, а во текот на ноќта е уапсена триесет и едногодишна државјанка на Словенија под сомнение за убиство.

Полицијата во Копар не го откри идентитетот на осомничената, но медиумите, повикувајќи се на локалното население, пишуваат дека станува збор за внуката на убиената жена.

You must be logged in to post a comment Login