Почина македонскиот диригент Миодраг Јаноски

Познатиот диригент Миодраг Јаноски почина на 85-годишна возраст.

Миодраг Јаноски е роден во 1936 година во Велес. Дипломирал виолина на Музичката академија во Белград во 1966 година, потоа композиција и во 1973 година и диригирање. Магистрирал на Музичката академија во Љубљана, а се доусовршувал во Софија и Сиена.
Својата кариера ја започна како виолинист во белградската филхармонија. Беше член на белградскиот камерен ансамбл, и како виолинист и како помошник-диригент на Антонио Јанигро.

Диригираше во македонската и во белградската филхармонија, во ансамблот на скопската опера, камерниот ансамбл „Зрењанин“, оркестарот на државниот конзерваториум во Софија, камерниот оркестар во Нови Сад…

Добитник е на Златен медал „Јован Ѓорѓевиќ“ во 1987 година и Октомвриската награда
на Нови Сад во 1990 година.

Ќе биде погребан на 12 април, во 13 часот на Новите гробишта во Белград.

You must be logged in to post a comment Login