Притвор за осуммина и мерки за претпазливост за двајца осомничени во „Двојник“

Прифатен предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје. Судија на претходна постапка од Кривичниот суд Скопје одреди притвор за осуммина од осомничените во случајот „Двојник“.

За две лица одредена е мерка за претпазливост.

Според информациите, едно од осомничено лице се уште е во бегство.

Станува збор за организирана криминална група составена од вработени во МВР која фалсификувала лични документи, а во која вклучени биле и т.н курири кои откако фалсификатите биле изработени ги носеле до криминалците.

Акцијата во останатите земји ја спроведува Интерпол, со цел пронаоѓање на останатите носители на пасоши.

You must be logged in to post a comment Login