На 26 април ни пристигнува розова супермесечина: На еден хороскопски знак од овој ден сè ќе му тргне на подобро!

Ни претстои период полн со позитивна енергија. Лунарната енергија е на врвот за време на полна месечина, што доведува до тоа да се чувствуваме поенергично, да имаме повеќе волја и желба да ги оствариме зацртаните цели. Сè што е лошо останува зад нас, велат астролозите.

На 26 април ни пристигнува полна месечина, попозната како розова полна месечина. Овој месец ќе биде во знакот Скорпија, а тоа значи дека ќе ни помогне да ги согледаме работите под површината и да ги испитаме вистините што се скриени.

Ни носи можност за големи промени и напредок во сите сфери од животот. Исто така, ни помага да се ослободиме од емоционалниот багаж, нè поттикнува да направиме простор за раст и да се соочиме со своите чувства.

Полната месечина формира опозициски аспект со Сонцето и секогаш се јавува во спротивниот хороскопски знак во однос на сонцето. Напнатоста помеѓу овие две спротивставени планети е она што ги разбранува и засилува нашите чувства во текот на овој период.

Возможно е овој период да бидеме поемотивни, почувствителни и поранливи. Склони сме на поинтензивни емоции, па внимавајте да немате бурни реакции.

За разлика од младата Месечина која повикува на интровертност и осаменост, полната Месечина е симбол на социјална интеракција, дружење и насочување на енергијата кон односите и меѓучовечките прашања.

Нејзиното дополнително исцелувачко дејство ни дава и мотивација да прекинеме со лошите навики.

Полната месечина е симбол на крајот, завршетокот на нешто лошо и вртење нова животна страница. Многу токсични врски или пријателства ќе се прекинат сега.

Најголемо влијание ќе има на сите луѓе родени во знакот Скорпија. Доколку спаѓате во оваа група, добро искористете го наредниов период.

 

You must be logged in to post a comment Login