Шефот на балканскиот нарко картел уапсен со половина тон кокаин во Колумбија

Според колумбиската полиција, Армуш е уапсен од акцијата во која се запленети 494 килограми кокаин на луксузна едрилица кој требала да плови од пристаништето Картагена до Лисабон.

Црногорскиот државјанин Иван Армуш е уапсен во неделата во голема акција на колумбиската полиција. Тој е „означен“ како еден од водачите на балканскиот нарко картел.

Според колумбиската полиција, Армуш е уапсен од акцијата во која се запленети 494 килограми кокаин на луксузна едрилица кој требала да плови од пристаништето Картагена до Лисабон.

Откриено е дека, покрај испраќањето големи пратки кокаин во Европа, овој човек од Цетиње бил задолжен и за снабдување на американскиот пазар.

Вредноста на запленетата дрога е 20 милиони долари, а со нејзиното дистрибуирање во Европа, таа би достигнала многукратно поголема вредност.

You must be logged in to post a comment Login