Се отвораат кафулињата и рестораните во Данска

Со отворањето на музеи, кафулиња, ресторани и тераси, се враќа нормалниот живот во Копенхаген благодарение на стабилниот низок број на новоинфицирани со коронавирус.

„Пандемијата не е завршена, но имаме впечаток дека се приближуваме до последното поглавје“, изјави Дарси Милар, сопственик на истоименото кафуле во центарот на данската престолнина, пренесува Франс Прес.

На нејзината тераса, гостите повторно уживаат додека пијат кафе од „вистински“ шолји.

Неколку километри подалеку, Националниот музеј поставил шатори и проверува дали секој посетител има маска или „ковид пасош“.

За посета на музеј или ресторан потребен е епидемиолошки пасош со кој се потврдува негативен тест не постар од 72 часа, вакцинација или неодамнешно опоравување од ковид-19, но тоа не е потребно за терасите.

Националниот музеј со задоволство истакнува дека ситуацијата е близу до „нормална“.

Средношколците делумно остануваат на учење на далечина , но многу работници чие присуство не е потребно на работното место, работат од дома.Ноќните клубови остануваат затворени, но кината, театрите и концертните сали се отвораат на 6-ти мај.

Во Данска, со 5,8 милиони жители, бројот на нови инфекции е четири пати помал отколку во декември.Кампањата за вакцинација, забавена со укинувањето на вакцината АстраЗенека, треба да заврши во август.

8,9 проценти од популацијата сега е целосно вакцинирана, а 18,8 проценти ја примиле првата доза.

You must be logged in to post a comment Login