Заев: 30 години СДСМ води храбри, визионерски и државнички политики што водат напред

Меѓународното признавање, приемот во ООН, создавањето на македонската армија, Охридскиот рамковен договор, градењето модерно демократско општество, па се до кандидатскиот статус за ЕУ, Договорот од Преспа, решавањето на отворените прашања со соседите, приемот во НАТО, создавање едно општество за сите, одлуката за почеток на преговорите со ЕУ се трајните државотворни печати на СДСМ.

Секогаш без задршки и без калкулации СДСМ работела, работи и во иднина ќе работи во интерес на граѓаните и државата.

Нашиот одговорен, државнички однос е препознаен од граѓаните и затоа постојано ни ја даваат довербата.

Воведовме нов принцип на работа, ја отворивме партијата за нови идеи и нова енергија.

СДСМ победува, но и постојано се менува.

Промените ќе продолжат и со Конгресот кој ќе се одржи во мај, со нова енергија и нова политика ќе продолжиме во реализација на зацртаните цели што носат напредок.

Одлучни сме да продолжиме да работиме посветено и одговорно во интерес на нашите сограѓани, на нашата татковина која ја градиме како заеднички дом за сите граѓани.

Нека е среќен 30 роденден наш СДСМ!

Да живее СДСМ!

Да живее Република Северна Македонија.

You must be logged in to post a comment Login