Шекеринска: Да се биде член на СДСМ е чест и гордост

Да се биде член на #СДСМ е чест и гордост. Да се биде особено во раководството на СДСМ е прво одговорност и таа одговорност е да ги носите тешките одлуки, овие другите владееја а ние решаваме проблеми.

Ги избравме вистинските битки да се бориме за слобода, да се бориме за правда, да се бориме за демократија, да се бориме за ред.

Битката низ којашто се калевме не направи посилни да испорачаме резултати на овие крупни прашања. После 30 години зборување ова беше Владата којашто на своите граѓани им испорача членство во НАТО. Од една мала држава од 2 милиона да можеме да кажеме дека сме дел од сојуз којшто е најмоќен во цветот.

Успеавме изминативе 30 години да направиме и грешки ама успеавме да излеземе посилни од грешките, и успеавме тие грешки кога ќе се случат да ги плаќаме како партија а не да ги плаќа државата.

Решававме проблеми и затоа денеска имаме држава којшто е слободна, во која граѓаните не се плашат, Власта може да се плаши но не и граѓаните. Држава којашто е членка на НАТО но и држава којашто ги бележи резултатите и во поглед на владеење на правото и во поглед на економскиот раст. ​ Не чекаат тешки битки ама успеавме изминатите 30 години и мислам дека тоа ни дава и сила и енергија и упорност за следните 130

You must be logged in to post a comment Login