Колумна: Пусти опозициски анали[тичари], рејтинг 1.4% на национално ниво значи победа на локално, ама кој да ви каже …

Очајно е непознавањето на различностите на статистиките и аналитичките операции, дотолку повеќе, кога тоа го прават лаици во улога на политички анали[тичари], a трагично, кога истите се и репрезенти на политичка партија, но во локалната средина.

МЦМС изработи анкетна, што е форма на истражување на мислењето на јавноста, на име анализа: “Доверба во Владата и локалните избори” со поднаслов: “Ставови на јавноста” која е претставена во април 2о21 година.

Фактографска основица на анализата е дека истата е реализирана во периодот од 17-ти до 24-ти март 2о21 година, преку телефонска анкета, на примерок од 1.оо3 испитаници, постари од 18 години, како и варијации на таргети во смисол на национална припадност, пол, регион и слично.

Како анкетата си има авторски права, сегментот кој сакам да го коментирам е елементарното непознавање на материјата, со која ете локални претставници на политички партии, оценија и проценија дека градоначалничката на Општина Битола има 1.4% поддршка.

И тука им одговараше, за да завршат со цитатот: “седи недоволен еден” [ во прилог така велелепно ставиле и фото од графиконот ] притоа, тотално несвесни дека тоа е позитивна а не негативна оценка.

Зошто?

Прво СДСМ на локалните избори 2о17 година освои 57 Општини и Град Скопје или 58 градоначалнички места од 8о и Град Скопје.

Иако за волја на вистината, кога компарираме, фер е да се спомне дека ВМРО – ДПМНЕ освои 5. Збирно од сите нив тоа е електорат кој согласно состојбата во 2о17 година е 61.990 гласачи или 24% помалку од цела Општина Битола. И тоа е трагично, ама кој да ви каже …

Е сега.

Вториот сегмент е дека од 58 градоначалници на СДСМ, градоначалникот на Општина Битола е во топ 1о. Воопшто не е тоа мала оценка и реторичко прашање е дали согласно лаичкото толкување, останатите 48 градоначалници немаат рејтинг? 44 имаат по 1% а некој нема ни %.

Рејтинг патем од 1.4% не е на ниво на Општина Битола, која согласно 2о17 година имаше 83.692 гласачи, што би значело дека Петровска моментално има рејтинг од нешто под 1.25о гласачи?! Не е така.

За жал на опозицијата, во аналитиката 1 и 1 никогаш не се 2, особено ако сте неписмени.

Или полека појаснето, и со дрвени боички нацртано, да не ви се разлеваат боите.

Од примерокот од 1.оо3 испитаници на Општина Битола отпаѓаат или припаѓаат 7%. Тоа самото по себе носи до аналитичкиот и сега веќе математички заклучок, како се стига до 1.4% поддршка, која по основ на ниво на Општина Битола, значи нешто над 2о% поддршка од битолчани за Градоначалничката Петровска.

А 2о% поддршка од битолчани кон Наташа Петровска, на шест [6] месеци пред крајот на мандатот, без почеток на формална или неформална кампњата и најбитно без воопшто најавена формална или неформална повторна номинација за втор мандат, не е мала работа.

И тој факт по анкетата, мили мои претставници на политичката опозиција во Битола, значи политичко самоубиство а не причина за радување.

Со овој податок Вие изборите веќе ги изгубивте! И пак се радувате?

И ако анкетата МЦМС се земе за репер, поддршката на градоначалничката на Општина Битола е на ниво на поддршката која СДСМ ја има на национално ниво од 21.6%. со што овие параметри говорат дека Битола, по основ на својот градоначалник, има репрезентативен рејтинг, еднаков на националниот на матичната партија СДСМ.

Тоа е позитивно во светот на политиката. Оној реалниот, во кој СДСМ се смее а Вие како ВМРО – ДПМНЕ плачете.

Шарените лаги на непознавањето [ фаќањето евтини политички поени ] говорат само за фактот дека лагата е фетиш, кој тешко се заборава.

Иако искрено повеќе е интересно прашањето каков рејтинг имаат градоначалниците во сите пет [5] Општини а од редовите на ВМРО – ДПМНЕ?

И не. Без двојни аршини.

Јанчев не е жмигавец, па го сакате кога треба да се рекламирате, а мразите кога сака да го преземе правниот облик, наречен политичка партија, кој носи назив ВМРО – ДПМНЕ а во кој веќе никој не верува.

You must be logged in to post a comment Login