Хакери го „ограбиле“ Apple, бараат милиони за откуп

„Apple“ беше уценет за 50 милиони долари во последниот напад на „ransomware“, што е резултат на кражба на голем број инженерски и производни шеми на сегашните и идните производи на тајванската компанија „Kvanta“, која произведува MacBook и други производи за „Apple“.

Руската хакерска група REvil, позната и како Sodinokibi, ги поседува овие доверливи и чувствителни инженерски шеми, кои веќе започнаа да објавуваат украдени слики, откако Kvanta одби да плати откуп од 50 милиони долари.

Хакерите сега се свртеа кон „Apple“ и побараа пари од компанијата, напоменувајќи да го платат откупот најдоцна до 1 мај, бидејќи во спротивно ќе ги објават сите доверливи документи.

Се чини дека украдените шеми се автентични, бидејќи меѓу објавените слики е и шемата за дизајн на најновиот iMac, која беше претставена пред неколку дена, а има и предупредување кое гласи „Ова е сопственост на Apple и мора да се врати”, и текстот во кој се наведува дека документите не смеат да се репродуцираат, копираат или објавуваат.

„Kvantum“ потврди хакерски напад врз своите сервери, а „Apple“ сè уште не го коментира случајот.

You must be logged in to post a comment Login