Тринаесет загинати и над 70 повредени откако се урна надвозник во Мексико Сити кога минувало метро

Надвозник се урна во главниот град на Мексико во време кога метро минувало нa него при што загинаа најмалку 13 луѓе и над 70 се повредени.

Засега не се познати причините за трагедијата. Повеќе од пет милиони луѓе го користат метрото во Мексико Сити секој ден. Има 12 линии и 195 станици.

You must be logged in to post a comment Login