Објавени новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за  0,26%  во однос на Одлуката од26.04.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.04.2021 година.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,149 ден/кг и сега ќе изнесува 34,443 ден/кг.

Од 5.5.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                     ЕУРОСУПЕР БС – 95                           67,00   (денари/литар)

Моторен бензин                    ЕУРОСУПЕР БС -98                            69,00   (денари/литар)

Дизел гориво                          ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                      59,00   (денари/литар)

Масло за горење                    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)             58,50   (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      34,443  (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,243%, дизелот за 2,111%, екстра лесното масло зголемувањето е за 1,287%  и кај мазутот за 0,048%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,524%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 5.5.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 26.4.2021), се дадени во следната табела:

Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95 (цените во ЕУ земјите се од 26 април 2021)

Еуродизел (ЕУР) ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР)
С. Македонија 0,958 1,088
Австрија                         1,170 1,218
Бугарија 1,081 1,081
Хрватска 1,295 1,371
Германија 1,310 1,522
Грција 1,317 1,600
Италија 1,438 1,577
Унгарија 1,160 1,169
Словенија 1,190 1,172

You must be logged in to post a comment Login