Колумна: Цмиздрење левел 1оо, Драгана

Во основа, емпатијата традиционално ми е со минусно салдо, дотолку повеќе кога се работи за класично цмиздрење кое има една цел, дефокусирање. И ништо повеќе. Многу текст но малку содржина.

Иако цела вистина, за волја на вистината, и е во текстот т.е. постот.

Организаторот или повеќе позната како Иницијаторот на неформалната ФБ страна за бојкот на наставата во основите и средните школи, Учебници и настава мора да има, или Драгана, фатена на дело како Е се што вели дека НЕ Е, па измеша баби и жаби во писание за плач.

И скокам тоа “јао – јао” и имаш момент “минатото болно кои [ ќе да мислеше “кое” ] го срушивте вие политичките партии! Драгана? Што ти ветил некој од ВМРО – ДПМНЕ? И 2оо9 – 2о14 како и 2о16 но и 2о17 година? Кажи си. Јавно. Ќе ти олесни.

Па пак “јао – јао”.

И признание?! “Се откажав од партијата, кога преку ноќ влегуваа лица на работни места, кои не пречекориле партиски врата, а за мене не се најде едно место, по струка.”

Драгана? Во основа членството во ВМРО – ДПМНЕ ОК Битола ти и си го користела за лични интереси, но ете не ти одговарала кадровата политика? Дури и врата ја браниш?! [ иако си мислела прагот, но те разбирам, во паника си ] И пак. Кажи си. Јавно. Ќе ти олесни.

Ти и тврдиш дека си член на ВМРО – ДПМНЕ ОК Битола, само ете си незадоволна што твојата партија не ти нашла работно место, по твоја желба, поради што и намерно – ненамерно, немаше да ти текне за членската. Непартиска?!

И тоа е слобода на избор. Е тоа право Драгана, никој не ти го оспори. Но ти не го ни пријави.

Фан на Никола – протести – митинзи – Унија на жени па тоа Нови години и Василици.

Кој да ти каже Драгана …

И не! Партиското членство завршува откако по уредно пополнета Пристапница и добивање на Членска книшка [ колку рече си член? над 15 години? ] ќе имаш и Исписница. Нели велиш не ги сакаш повеќе? Оти и политичките партии, во основа се здруженија на граѓани кои делуваат со одредена политичка определба, а во нив, членството не прекинува кога тебе тоа ти одговара.

Како на пример, од вчера …

Закон? Драгана, зошто жалопојки. Мислам, ете имаш уредна листа на прашања на која се што треба е да одговориш. Q’s & A’s. Иницијатор кој е непартиски определен со партиска книшка кој користел партиско членство за да формира работен однос? Партизација беше поимот, нели, а тоа е една од причините поради која твојата партија и падна од власт.

Го нема веќе тоа, Драгана …

Драгана, не е фер. Те разбирам. Искрено. Не можам да замислам само како ти било тешко, на тој 16-ти јануари 2о17 година. Таа вечер. Трагедија. Тие солзи, додека во еден хотел ресторант, си вртела мазниче за Василиче со Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК Битола.

Е тоа се лузни, Драгана. Дури и те натерале да ставиш насмеан емикон, па мислиш со ќеф си била на настанот. Можеби исто така и актуелните средби, за кои не даваш одговор дали ги имало или не, биле на сила, или конечно те убедиле дека ќе ја реорганизираат кардовата политика. Иако се и ќе останат во опозиција уште некое време.

Режим … а ти негов член!

И не. Без благодарам. Ме расплаче.
И не. Немам разбирање. Не знам зошто би го имал?
Партиското полтронство беше – е и остана синоним на твојата партија.

Напомена: Драгана ти веќе немаш кредибилитет! Можеше да им се извиниш на 75.ооо членови на групата што си ги лажела и да излезеш од истата. Што е паниката? Немаш ни интегритет. Едноставно те искористија твоите, откако ти искористи други.

А така слатко во твојот “непартиски” активизам си женка копија на Влатко Ѓорчев.

Иако и сама признаваш дека си користела партиско членство само со цел остварување личен бенефит. Кој е мотивот сега? Пак “само” едно работно место? А колку може по човек? Нов момент ми е тоа …

Личен углед? Драгана не ме засмејувај вака тажовен. Не е фер.

You must be logged in to post a comment Login