Столтенберг: Членот пет ќе се активира и за напади во вселената

Според членот пет од основачкиот договор на НАТО напад врз кој било од 30-те сојузници ќе се смета за напад врз сите нив.

Лидерите на НАТО ќе ја прошират примената на клаузулата за колективна одговорност односно членот пет од Договорот за основање на Алијансата „сите за еден, еден за сите”, така што членките на Алијансата ќе бидат подготвени да одговорат на вселенски напади, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Според членот пет од основачкиот договор на НАТО напад врз кој било од 30-те сојузници ќе се смета за напад врз сите нив.

– На овој Самит ќе ставиме до знаење дека, се разбира, секој напад врз вселенските можности, како што се сателити и слично или вселенски напади, може да го активира член пет, истакна Столтенберг, неколку часа пред да претседава со Самитот.

Скоро 2.000 сателити кружат околу Земјата, а повеќе од половина се управувани од земјите-членките на НАТО. Воените команданти се потпираат на некои од нив за навигација, комуникација и размена на разузнавачки информации. Многу земји-членки се загрижени за, како што истакна, од се поагресивното однесување на Кина и Русија во Вселената.

Околу 80 земји имаат сателити, а се повеќе приватни компании се појавуваат на тоа поле. Во 80-тите години од минатиот век, само дел од комуникациите на НАТО се одвиваа преку сателит, а денес тие се најмалку 40 проценти.

Клаузулата за колективна одбрана на НАТО беше активирана само еднаш, кога членките застанаа зад САД по нападите на 11 септември 2001 година.

You must be logged in to post a comment Login