Рамо за плачење: 4 хороскопски знаци кои најдобро ги слушаат вашите проблеми и ви помагаат да ги решите

Сите одвреме-навреме имаме потреба да се пожалиме некому и да ги споделиме проблемите со луѓето на кои им веруваме. Знаеме колку разговорот и советите од блиските луѓе имаат терапевтски ефект.

Додека некои хороскопски знаци едвај чекаат да ја преземат контролата во разговорот, ние во продолжение ви претставуваме 4 знаци кои најдобро знаат да сослушаат, а и да споделат корисни совети.

Близнаци

Иако се најзборлестиот хороскопски знак, Близнаците сепак ќе ви дозволат да дојдете до збор кога зборувате за вашите проблеми. Всушност, многу брзо ќе откриете дека и зборлестите Близнаци знаат да молчат кога им се доверувате.

Освен што внимателно ќе ве сослушаат, тие лесно ќе се соживеат со вашата улога, а бидете сигурни и дека ќе ви дадат и објективен совет.

Рак

Ако сакате да се исплачете, Ракот е совршен соговорник. Овој знак има природна потреба да им овозможи на своите блиски чувство на сигурност и поддршка.

Емоционално ќе ве „поттурнат“ кога ви е тешко и ќе ве сослушаат без да ви упаѓаат во збор. Веројатно ќе ви понудат и храна за утеха – барем една шолја топло чоколадо и кекси.

Девица

Аналитичната Девица е совршен мајстор во решавање на проблеми, но не очекувајте од неа дека ќе плаче со вас. Иако ќе сочувствува, таа нема да го покаже тоа.

Девицата ќе даде сè од себе да пронајде решение на проблемите кои ве мачат. Сè ќе проучи, ќе утврди кои препреки ви стојат на патот и ќе направи план како да дојдете до целта. Нема да ве поддржи во тоа да се сожалувате себеси туку ќе ви помогне да направите нешто.

Вага

Роден преговарач, Вагата е како создадена за решавање на проблеми во односите. Добро ќе го запомни секој детаљ кој ќе ѝ го кажете, но нема да ве поддржи во некои неразумни ставови само затоа што сте ѝ пријател.

Нема да ве осуди ако не сте во право, туку ќе се обиде да ве наговори да го согледате проблемот од поинаква перспектива и да примените решение кое ќе ги задоволи сите вклучени.

You must be logged in to post a comment Login