Дизниленд ги отвори вратите за посетителите, но засега само за вакцинираните

Целосно вакцинираните лица против Ковид-19 од утре ќе можат да влезат во тематските паркови на компанијата „Волт Дизни“ без маски, објави американската компанија.

Ова правило ќе важи за посетителите на Дизниленд во Орландо и Анахајм, објави „Ројтерс“.

Компанијата нема да побара доказ за имунизација на влезот, но наведе дека очекува луѓето кои не биле целосно вакцинирани да продолжат да носат маски во затворено, освен за време на оброците.

Маските ќе бидат задолжителни за сите посетители во транспортот, вклучително и автобуси, електрични возови и гондоли.

Физичкото растојание повеќе нема да биде потребно во Дизниленд, Калифорнија.

Сепак, некои видови забава ќе работат со ограничен капацитет, додаваат од „Волт Дизни“.

„ Ние не сме навистина подготвени да укинеме сè одеднаш, но ние сме оптимисти и едвај чекаме на денот кога принцовите и принцезите на Дизни ќе можат повторно да се прегрнат“ заклучи компанијата.

You must be logged in to post a comment Login