Правило „7 дена“: Еве како оваа навика ќе ви помогне да заштедите пари

Сите луѓе сами по себе се различни и имаат различни навики и работи кои ги исполнуваат.

Некој сака да ужива секој ден и брзо да потроши се да заработи, додека други луѓе сепак подобро се чувствуваат кога имаат одредена сума на пари „на страна“ или што би рекле „за црни денови“.

Тие луѓе секогаш мислат однапред и не сакаат да се чувствуваат беспомошно во било која непредвидена ситуација. Тоа е за пофалба, но од друга страна, таквите луѓе послабо уживаат и никогаш не се отпуштени во целост, па често се запрашуваат дали добро постапуваат со тоа што штедат.

Другиот вид на луѓе е токму спротивен. Тие не мислат за утре, туку секој ден живеат како да им е последен. Колку ова да звучи како одличен начин на живот, таквите луѓе често не знаат да управуваат со парите, речиси секогаш се задолжуваат, а кога ќе им се случат некои ситуации кои не ги очекувале, не знаат како да се извадат, па се во ситуација да позајмуваат пари, по што настануваат проблемите.

Доколку спаѓате во оваа група, за да избегнете вакви ситуации, можеби би требало да го примените следеното правило – правилото на 7 дена.

За што станува збор? Оваа стратегија го штити  купувачот од импулсивно купување, а принципот е многу едноставен: дајте си себеси „период да ја оладите главата“, односно почекајте 7 дена пред да купите нешто, за да бидете сигурни дека тој производ навистина ви е потребен. Ова второто е клучно.

Суштината е да не ве понесе возбудата во даден момент и да не купите нешто поради што ќе се каете, било да станува збор на нов телефон, чевли, патување. Луѓето најлесно трошат во „мирна состојба“, кога имаат редовни примања, а немаат некои особени давачки.

Често се појавува чувството дека некаде треба да потрошиме пари, како да ќе ни избега од џебот. Дури кога ќе се соочиме со реална криза, сфаќаме дека во минатото сме купувале нешто што не било неопходно. Често се случува и да купиме нешто што не е есенцијално, дури и нешто што не ни се допаѓа.

По 7 дена поставете си го на себе прашањето: Дали се чувствувам исто во врска со производот?

Ако желбата е уште тука и неговата цена одговара на вашиот домашен буџет, нарачајте го производот. Не е поентата ништо да не купите, туку да направите паметна селекција на она што навистина сакате и она што ви е потребно и на тој начин да успеете да заштедите за ситуации во кои парите ќе ви бидат од големо значење.

You must be logged in to post a comment Login