Ејми Вајнхаус добива споменик во Белград каде што го одржа последниот концерт

Српскиот главен град Белград, ќе распише конкурс за идејно решение за споник на познатата пејачка Ејми Вајнхаус на местото каде што го одржала последниот концерт пред нејзината смрт.

Ова на својот „Фејсбук“ профил го објавил заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ. Вајнхаус пред 10 години во Долниот град на Белградската тврдина го одржала последниот концерт. Набрзо после тој концерт таа почина.

„Се надевам дека следната година во ова време, Белград ќе има модерна скулптура каде што Ејми го одржа последниот концерт“, напишал Весиќ.

You must be logged in to post a comment Login