Три лица загинаа, двајца се водат за исчезнати при уривање на училишна зграда во Антверпен

Тројца градежни работници загинаа, а двајца сè уште се водат за исчезнати, еден ден откако делумно се урна училишна зграда во Антверпен, Белгија.

„За жал, мора да известиме дека третата жртва штотуку е пронајдена под урнатините. Спасувачките екипи сè уште неуморно трагаат по уште две исчезнати лица”, соопштија преку Твитер пожарникарите од Антверпен.

Загинатите градежни работници се државјани на Португалија, односно Романија, а националноста на третата жртва не е позната, изјави полицијата за локалните медиуми.

Спасувачките тимови трагаат по двајца работници, едниот од Португалија, а другиот од Русија.

You must be logged in to post a comment Login