(Видео) Незапаметени поплави на Крим, еден загинат и 24 повредени

Едно лице загина, две се исчезнати, а 24 се повредени по поплавите предизвикани од поројните дождови во близина на Јалта на Крим.

Невреме проследено со обилни врнежи од дожд, силен северозападен ветер, го погоди Крим во четвртокот.

Повеќе од 22.000 домаќинства останаа без електрична енергија, а локалните власти прогласија вонредна состојба, пренесува Тасс.

Според властите, такво невреме не е забележано на Крим од 1922 година.

Стотици куќи во Крим се оштетени, 13 хотели во Јалта се поплавени, а издадена е и наредба за евакуација.

Во тек се активности за расчистување на последиците од оваа природна катастрофа.

You must be logged in to post a comment Login