Повторно соборен рекордот за најмлад играч на ЕП

За репрезентацијата на Полска на мечот со Шпанија настапи Каспер Козловски кој стана најмладиот фудбалер во историјата на европските шампионати. Фудбалерот од средниот ред на клубот Погон го собори рекордот на англискиот напаѓач Џад Белингем од пред неколку денови.

Козловски настапи со 17 години и 246 денови, додека Белингем на мечот со Хрватска играше со 17 години и 349 денови.

За Козловски мечот со Шпанија беше само четврти во кариерата.

You must be logged in to post a comment Login