Прегазен пешак во Прилеп- со тешки повреди пренесен во болница

Прегазен пешак во Прилеп со тешки повреди пренесен во болница.

-На 19.06.2021 околу 10.30 часот на ул.„Архиепископ Доситеј“ во Прилеп, патничко  возило „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Ч.(31) удрило во пешакот Б.Т.(34), двајцата од Прилеп. По незгодата пешакот е префрлен во Градската болница Прилеп, каде му се констатирани тешки телесни повреди, велат од полиција.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

You must be logged in to post a comment Login