Маричиќ: Општина Битола е еден од примерите за домаќинско и успешно менаџирање на локалната самоуправа

Секретарот за меѓународна соработка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и актуелен министер за правда Бојан Маричиќ денес беше во посета на Општина Битола.

За посетата Маричиќ информираше преку својот официјален профил на социјалните мрежи.
Во објавата е наведено:

„Во прекрасна атмосфера и позитивна енергија денес со битолчани потврдивме дека СДСМ го нуди најдоброто.

Заедно со градоначалничката Наташа Петровска, претседателелот на ОО СДСМ Битола Златко Ќурчиевски и локалните функционери го слушнавме мислењето на жителите на населбата Буковски Ливади, ги слушнавме нивните идеи за истите да бидат преточени во конкретна понуда за претстојните локални избори.

Жителите на Буковски Ливади се задоволни од досега реализираното, но секогаш може да се направи нешто повеќе. Затоа и овој пат ќе го понудиме најдоброто.

Ќе понудиме концепт кој што води напред, концепт кој што дава резултати. Во многу општини ширум државата забележан е сериозен напредок и развој.

Општина Битола е еден од примерите за домаќинско и успешно менаџирање на локалната самоуправа.

Доаѓа #НајдобротоЗаСекојаОпштина!“

You must be logged in to post a comment Login