СДСМ Битола продолжува со маалските средби под мотото „Најдоброто за нашата општина“

Општинската организација на СДСМ во Битола продолжува со маалските средби под мотото „Најдоброто за нашата општина“. Денешната маалска средба беше со жителите на населбата Буковски Ливади.

На денешната средба присуствуваа партискиот секретар за меѓународна соработка и министер за правда во Владата на Република Северна Македонија, Бојан Маричиќ, заедно со Градоначалникот на Општина Битола, Наташа Петровска, претседателот на ОО СДСМ Битола, Златко Ќурчиевски, членот на ИО на СДСМ, Васко Ковачевски, директори на јавни претпријатија и институции во Битола и советници во Советот на општината. Тие разговараа со жителите на населбата Буковски ливади за различни прашања од локално и државно значење и ги слушнаа нивните идеи и препораки.

Средбата се одржа во пријатна атмосфера, во непосредна близина на реконструираните спортски терени во Буковски ливади, за кои Општина Битола одвои 1.799.516 денари.

Функционерите на СДСМ ги акцентираа постигнувањата на државата и локалната самоуправа изминатите скоро четири години, а ги слушнаа и желбите и очекувањата на жителите на населбата.

„Слушајќи го народот, СДСМ повторно ќе го понуди најдоброто за секој општина!“ изјавија.

You must be logged in to post a comment Login