Северна Македонија денес ќе го има последниот настап на ЕП во фудбал, последен меч и за Горан Пандев во националниот дрес

Фудбалската репрезентацијата на Македонија денес во 18.часот во Амстердам го игра својот последен натпревар на ЕУРО 2020 против репрезентацијата на Холандија.

Ова беше историски прв настап за нашата репрезентација на Европско првенство, и иако резултатски во првите два натпревари потфрливме, тоа секако не треба да се доживее како разочарување, со оглед на фактот што дебитиравме на едно големо натпреварување како самостојна држава.

Овие момци , не направија горди во секаква смисла на зборот, и за прв  пат ја осетивме фудбалската еуфорија на едно големо натпреварување. Македонија ги загуби двата натпревари од Австрија 3-1 и од Украина 2-1 и останува да се одигра само мечот со Холандија за крај на ЕУРО 2020 за престиж и да се одигра за капитенот Горан Пандев кој за последен пат ќе го носи националниот дрес, Горан Пандев дебитираше во 2001 година а досега за Македонија настапи на  122. натпревари и постигна 38 погодоци.

Зад Пандев ќе остане запишано дека е европски и светски првак со Интер, освојувач на скудетото со „нераѕурите“, победник на Купот со три клуба (Лацио, Интер, Наполи), еден од малкумината странци со над 450 настапи во Калчото, меѓу 80-тината фудбалери во Италија со сто голови, стрелец на голот за виза за Еуро 2020 во Тбилиси и стрелец на првиот гол за Македонија на Европските првенства.

Без разлика на крајниот резултат , Македонските фудбалери се најголемите херои кои ја сплотија македонската нација и повторно ја вратија вербата во репрезентативниот фудбал.

ЕВРО 2020 ќе биде запишано со златни букви  во Македонскиот репрезентативен фудбал и без разлика на се што ќе се случи во иднина, така и ќе остане.

Секоја чест за момците кои не направија горди во секоја смисла на зборот, направија Македонија да се пробие на Европската фудбалска карта и го направија горд секој Македонец каде и да живее.

Капа доле за се дечки и уште еднаш благодарност што ни овозможивте да уживаме во ЕВРО 2020 со Македонија.

You must be logged in to post a comment Login