Фудбалерот на Атлетико ја запроси девојката на стадион

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Маркос Љоренте на фантастичен начин ја запроси својата девојка Патрисија Ноарбе на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Патрисија кажа ДА, а од среќа и возбуда не можеше да ги сокрие солзите.

„Маркос ми рече дека денот кога ќе ме побара за жена ќе биде најсреќен во мојот живот. Тој ден беше вчера. Требаше да отидеме на стадионот за Маркос да добие некоја почест, а на крајот доживеав нешто посебно“, изјави Патрисија.

Љоренте се уште е на одмор, откако со репрезентацијата на Шпанија играше на ЕУРО.

You must be logged in to post a comment Login