Грета: Ова не е новото нормално, ќе продолжи

Најпознатата млада активистка за заштита на природата, Грета Тунберг,  по повод катастрофалните поплави што го погодија западниот дел на Европа, предупреди дека сè што се случува не е „новото нормално“ и дека климатската криза нема да може да се спречи, „доколку не се справиме со проблемот со климатските промени“.

„Смртоносна топлина, поплави, бури, шумски пожари, суши, пропаднати посеви … Ова не е новото нормално“, напиша Грета на својот Фејсбук профил.

Таа исто така предупреди дека се наоѓаме на почеток на климатските и еколошките опасности и дека екстремните временски прилики ќе станат се почести.

„По неодамнешните катастрофални настани, особено во Западна Европа, се чини дека сите зборуваат за климатски вонредни состојби, и тоа со право. Но, штом ќе завршат овие трагедии, најверојатно ќе го заборавиме тоа и ќе продолжиме како порано”, напиша Грета.

You must be logged in to post a comment Login