Арсовски: Не е казнива употребата на канабис за лична употреба

Во Казнениот законик е дозволена и не е казнива употребата на канабис за лична употреба, но политика на Владата е да се прави измена и да се допрецизира и тоа јасно да се направи во Казнениот законик за да нема ситуации како што имавме, појасни денеска на прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски во врска со утврдениот текст на Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, кој, според него, е усогласен со повеќе меѓународни акти.

Една од новините е формирање Агенцијата за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и препарати од канабис за медицински и научни цели, која работите од својата надлежност, ги врши врз основа на начелата на законитост, стручност, професионалност, одговорност, ефикасност и транспарентност.

Според него, со предлог на законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции се овозможува извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели, така што на правните лица одгледувачи на канабисот им е овозможено веќе произведените количини на сув хербален производ како опојна дрога да ги пласираат на пазарите во Европа и пошироко, притоа почитувајќи ги меѓународните конвенции и европското законодавство што ја регулира материјата.

Новина во Предлог-законот за опојни дроги е обврската на компаниите со лиценци за одгледување канабис во медицински цели да уплатуваат средства во висина од 10 отсто од нето-добивката остварена во тековната година на соодветна сметка во Буџетот на Република Северна Македонија кои средства ќе бидат наменети за поддршка на фондот за ретки болести, поддршка на фондот за медиуми, на програмските приоритети во спортот, културата, граѓанскиот сектор како и за поддршка на работата на новопредвидената Агенција

You must be logged in to post a comment Login