Објавена листата на субвенционирани апликанти од вториот јавен повик за велосипеди

Општина Битола, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на превозни средства кои не го загадуваат воздухот, објави јавен повик со кој им обезбедува поврат на дел од потрошените средства за купување на велосипеди, од денот на објавување на повикот.

Според условите во јавниот повик, бројот на лица кои ќе добијат средства е ограничен до висина на предвидениот буџет на Општина Битола за оваа намена, а распределбата на средствата се иврши по принципот „прв дојден, прв услужен“.

На следната листа, се дадени имињата на субвенционираните апликанти.

Лицата кои што не се на листата, на 22.07.2021 година и на 23.07.2021 година, можат на шалтерите да ја подигнат доставената документација.

You must be logged in to post a comment Login