Пандемијата се разгорува во светот, скоро 3,5 милиони новозаразени за седум дена

Делта-сојот вирусот корона, кој во моментов е доминантен во голем број земји, ја забрза пандемијата – бројот на заразени се зголеми за 12% за една недела!

Повеќе од 3,4 милиони нови случаи и 56.000 смртни случаи се регистрирани ширум светот минатата недела, соопшти Светската здравствена организација во неделниот билтен објавен рано утрово во Женева, што е зголемување за 12 проценти во споредба со претходната недела.

„Вкупниот број на нови случаи за периодот од 12 до 18 јули е 3,4 милиони, што е зголемување за 12 проценти во споредба со минатата недела“, изјави СЗО.

Во меѓувреме, водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, изјави дека делтата сојот од вирусот е предизвикан кај повеќе од 80 проценти од новите случаи во САД. Делта-сојот беше откриен во Индија на почетокот на 2021 година. Оттогаш, тој стана доминантен во САД и другите земји. Досега е откриен во повеќе од 90 земји.

You must be logged in to post a comment Login