Ирак: Се урна хеликоптер, загинаа пет лица

Хеликоптер се урна во провинцијата Салах ал-Дин во североисточен Ирак, при што загинаа сите пет члена на екипажот, јави Скај њуз Арабија.

„Ирачки хеликоптер се урна во близина на градот Туз Хурмату, при што загина петчлен екипаж”, се вели во соопштението на каналот.

Засега не се соопштени причините за несреќата.

Медиумите го пренесуваат соопштението на властите, војниците, меѓу кои еден полковник и еден мајор, загинале за време „борбена мисија”.

You must be logged in to post a comment Login