Шведски лекар што лажирал ковид-потврди осуден на една година затвор

Лекар во Гетеборг е осуден на една година затвор за издавање лажни патни исправи за луѓе што биле тестирани за ковид-19.

Во Шведска, ПЦР-тестовите потребни пред патување во други земји не може да се направат преку националната здравствена служба, па затоа патниците мора да користат приватни клиники.

На една таква клиника во Гетеборг доктор издавал потврди дека пациентите се негативни, но всушност никогаш не ги испраќал примероците на лабораториска анализа, откри Гетеборгс-Постен.

Во јуни одговорниот лекар беше обвинет по седум точки за измама, седум точки за груба лажна потврда и две точки за груб фалсификат.

Окружниот суд го осуди на една година затвор, потешка казна од она што го побара обвинителот, велејќи дека високата казна е оправдана бидејќи човекот „во својство на лекар ја искористил тековната пандемија за своја корист“ .

Ова не е единствениот инцидент од ваков вид во Шведска, иако е првиот што стигна на суд.

Во јуни еден доктор од Стокхолм беше пријавен во шведскиот здравствен инспекторат од неговиот работодавец зашто пишувал патнички потврди дури и кога луѓето биле позитивни на вирусот.

Во друг инцидент, здравствена компанија беше обвинета дека не ги испраќала ПЦР-тестовите за патни потврди во лабораторија. Околу 100.000 луѓе биле засегнати од добиените фалсификувани потврди, според полицијата, која постапувала по информации од шведскиот здравствен инспекторат.

You must be logged in to post a comment Login