Прв случај на коронавирус во Пекинг по шест месеци

Пекинг вчера го забележа првиот случај на коронавирус по речиси шест месеци или првиот случај по 179 дена, пренесува Си-ен -ен. Во тој град денеска беше пријавен втор случај.

Станува збор за маж и жена, кои неодамна престојувале во град во провинцијата Хунан, каде што се пријавени неколку случаи на делта-сојот на вирусот. Сите контакти на заразената двојка се ставени во карантин.

Вчера, во Кина се регистрирани 49 нови случаи на коронавирус, а 86 претходниот ден.

You must be logged in to post a comment Login