Последна седница за пратенички прашања пред одморите

Никој нема да биде поштеден во борбата против корупцијата, системот се справува и со крупните и со ситните „риби“, а мерките важат за сите функционери, не само за администрацијата, уверува премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на пратеничко прашање од ВМРО-ДПМНЕ за критиките во извештајот од Стејт Департментот, дали планира да побара одговорност од вицепремиерот Николовски, како и да и се извини на администрацијата во која ја лоцираше одговорноста за корумпираноста, Заев тврди дека Владата ги прави сите напори коруптивните активности да бидат казнети, иако има уште многу работа. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, со спротивен став.

Блокираните евроинтеграции и недобивањето датум за преговори со ЕУ, се најдоа во фокусот на пратениците. На критиките од опозицијата и постојаните дофрлувања од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Заев уште еднаш повтори дека проблемот за ЕУ е Бугарија, а не македонската Влада. Опозицијата според него покажува неоправдана нервоза за државните работи. „Отворен Балкан“ не преставува замена за ЕУ, туку можност за сите граѓани од регионот да живеат подобро, кажа премиерот.

Денешната седница за пратенички прашања е последна пред пратениците да заминат на летен одмор.

You must be logged in to post a comment Login