Втора доза вакцина вчера примиле 8.837 граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 510.197 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека прва доза вчера примиле 3.109 граѓани, а во текот на вчерашниот ден вкупно се вакцинирале 11.946 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 891.379 дози вакцини, а ревакцинирани се 381.182 граѓани.

„Со последните бројки 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, се наведува во соопштението од ресорното министерство.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктови низ државата.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

You must be logged in to post a comment Login