Најистакнатите карактеристики на генерацијата З кои можеби не ги знаете

Генерацијата З ги вклучува луѓето родени меѓу 1995-та и 2010-та година, односно во времето на дигитализацијата. Младите кои припаѓаат на таа генерација покажуваат специфични карактеристики обележани од искуствата и околностите на времето во кое дошле на овој свет.

1. Генерација З е првата генерација на дигитализацијата
Припадниците на Ген 3 се првите корисници на дигиталниот свет, со оглед на тоа дека електронските уреди ги окружувале од раѓањето и дека се во интеракција со нив од првите години од животот.

Технологијата ја користат за комуникација, барање на информации, учење, играње, купување на работи и забава.

2. Нетрпеливи се и лесно губат концентрација
Поради големата употреба на технологијата навикнати се на непосредност. Тоа е затоа што лесно и брзо можат да добијат се на интернет без многу труд.

Меѓутоа, реалниот живот не е секогаш таков, поради што имаат малку трпение, покажуваат малку толеранција и губат концентрација во многу кратко време.

3. Свесни се за околината
Оваа генерација пораснала со свест за околината. Поради тоа припадниците на оваа генерација се многу грижливи за заштитата на околината и сакаат да се борат против климатските промени.

4. Пореални се
Родени меѓу 1995-та и 2010-та година, во своето детство ја доживеале големата економска криза во 2008-ма година и нејзините последици. Поради тоа се социјално и економски пореални, повнимателни и поодговорни во однос на претходните генерации.

5. Ги почитуваат различностите
Луѓето во оваа генерација се родени во глобализиран свет кој карактеризира културна разновидност. Поради тоа, навикнати се да живеат и комуницираат со сите луѓе.

Освен тоа, образованието кое го добиваат се темели на еднаквост и почитување на различностите. Сето тоа ги тера да развијат отворен, флексибилен и многу критичен ум во поглед на одреден општествени прашања.

You must be logged in to post a comment Login