Почна со работа најголемата фабрика за чистење на CO2 од воздухот

Стартапот Climeworks со седиште во Цирих ја отвори својата фабрика Orca, која треба да го чисти јаглерод диоксидот директно од воздухот. Проектот беше реализиран во Исланд, а почна со работа вчера.

Како што изјави извршниот директор на стартапот, Јан Вурцбахер, веќе почнале со работа на фабрика која треба да биде 10 пати поголема од оваа и ќе биде готова за неколку години.

Orca ќе собира околу 4.000 тони CO2 годишно и ќе ги складира под земја. Тоа е само мал дел од загадувањето што е прогнозирано дека ќе се испушти во воздухот годинава – 33 милијарди тони гас, но е добар показател за капацитетите на таа нова технологија.

You must be logged in to post a comment Login