Напиток кој ги чисти цревата, помага во елиминирање на вишокот килограми

Ако се чувствувате уморно и безволно, обидете се секое утро во рок од 7 дена да го консумирате овој напиток пред појадокот.

Доколку имате проблеми со надуеност на стомакот, констипација, бавен метаболизам и тешко елиминирање на вишокот килограми, дури и кога сте на диета, овој природен напиток може многу да ви помогне.

Тој е особено делотворен кај лицата кои патат од констипација, а неговите природни состојки го забрзуваат метаболизмот.

Главната состојка на овој напиток се сувите сливи кои се одличен извор на витамините А, Ц и К, а содржат и рибофлавин, ниацин и други Б витамини. Богати се и со влакна кои позитивно влијаат на функцијата на дигестивниот тракт, го чистат организмот и поттикнуваат исфрлање на токсините. Сувите сливи се одлични и за чистење на цревата и подобрување на варењето.

Кога ќе ги помешате сувите сливи со следниве состојки, ќе добиете одличен напиток за слабеење кој е најдобро да го консумирате пред појадокот.

Потребни состојки:

– 5 до 7 суви сливи
– 1 шолја кефир или немасен јогурт
– 1 лажичка масло од ленено семе
– 2 лажички овесни снегулки
– 1 лажичка какао во прав

Начин на подготовка:

Напитокот се подготвува навечер, а се пие наутро. Ставете ги сувите сливи да отстојат во вода најмалку 30 минути, а потоа додајте ги во блендер заедно со кефирот, овесните снегулки, маслото од ленено семе и какаото.

Блендирајте додека не добиете хомогена смеса и оставете го напитокот да преноќи во фрижидер. Наутро испијте го пред појадокот.

You must be logged in to post a comment Login