Бремена жена убиена пробувајќи да спречи тепачка меѓу сегашното и поранешното момче

31-годишна бремена жена загина синоќа во Њујорк откако се обидела да спречи физичка пресметка меѓу нејзиното сегашно и поранешно момче на забава која таа самата ја организирала како прослава за нејзината бременост.

Поранешното момче се појавило на забавата и започнал расправија со сегашното.

31-годишната Шанис Јанг застанала меѓу нив за да ја смири ситуацијата. Меѓутоа, поранешното момче извадил пиштол и испукал проектил во неа. Куршумот ја погодил во главата и таа веднаш паднала на подот, јавуваат западните медиуми.

Телото на бремената девојка било пронајдено меѓу паркирани возила, а покрај телото пронајдени се и три чаури од калибар 40.

Слушнав истрели и кога погледнав низ прозорецот, видов полицаец кој беспомошно се обидува да го спаси животот на една бремена жена. Ја видов како и прават вештачко дишење и масажа на срцето, се обидоа да ја спасат, но не успеаја, рече еден од соседите.

Тие веднаш ја пренеле бремената жена во најблиската болница, меѓутоа, ниту таа, ниту бебето, за жал, не биле спасени. Соседите рекле дека Шанис живеела со својата помлада сестра и шестгодишната ќерка, откако минатата година нејзината мајка починала од рак.

You must be logged in to post a comment Login