Хакими: Меси ме изненади со своето однесување, тој е скромен, тивок..

Фудбалерот на ПСЖ Ашраф Хакими е многу среќен што има шанса да игра со Лионел Меси.

Хакими, како и Меси, ова лето пристигна во Париз. Во разговор за Л’Екип, откри каков однос има со славниот фудбалер.

„Лесно е да се воспостави однос со него. Му подавам топка, трчам и тој ќе прати каде треба. Бев изненаден од неговото однесување, скромен е, тивок.“ – изјави Хакими.

You must be logged in to post a comment Login