На ДПМНЕ никој не им ја украл “оригиналната” идеја за катна гаража во Битола, оти никогаш и не била нивна!

По прес конференцијата на кандидатот за Градоначалник на Општина Битола од редовите на ОО СДСМ Битола Христо Кондовски за реализација на подземното паркирање пред НУ Центар за култура Битола со вкрстувањето во нивоa на пешачкото и моторното движење во одредени портали се појавија написи со подсмев дека СДСМ и нивниот кандидат за Битола “крадат” идеи од ВМРО па затоа биле приморани да дадат подетално објаснување за т.н. “кражба” и кој ja направил.

Но вистината и фактите говорат нешто сосема друго.

Идејата за подземнo паркирање на овој простор е од минатиот век изработена од тогашниот завод за Урбанизам и проектирање на Битола во осумдесте години како идејно решение за двонаменско користење.

Во тоа време доста популарни беа двонаменските скривници и за поставување на такви објекти беше избрана токму оваа локација во која требаше да се направи паркирање и двонаменска скривница како трговски објект со влезови од Широк Сокак.

После повеке години една планерска куќа од Битола ја реинкарнира идејата за подземното паркирање и обезбедување на околу 300 паркирни места во две нивоа на овој простор со одредена дополнителна намена од трговија во првото ниво.

За истата идеа е изработен и донесена измена на централното градско подрачје за блоковите 10 и 16 и со тоа е направена правна рамка за изработка и реализација на оваа идеа.

Во текот на минатата година со желба за кандидатура за градоначалничката функција еден кадидат архитект од ВМРО – ДПМНЕ ја пласира оваа идеа како своја за да го заведи своето членство и со тоа да го добие посакуваното место во таа партија.

Без никаков срам и без никакви суети истиот со група на негови партиски истомисленици или заведени граѓани пишуваат статуси со подсмев дека некој “нив им ја украл идејата”.

Кога сега би биле живи К. Стојановски, Д. Димитровски, Љ. Новаковиќ и некои други еминентни урбанисти на нашиот град сигурно би им било непријатно да го одбранат украденото авторство.

Членови од фелата од СДСМ Битола пак само кратко коментираа:

Не господа, ние од СДСМ не крадеме идеи ние тоа што е прагматично за градот и за граѓаните на градот Битола сакме да го реализираме и ќе го реализираме, иако мораме да кажеме дека некој преспал четириесетина години за сега да критикува.

Ние со оваа идеа излегуваме како прва затоа што истата има правна основа за брза реализација со донесен и на сила ДУП, а понатаму ќе излеземе и со други идеи за кои во мандатот на нашиот градоначалник ќе се обидеме да направиме правна рамка за брза реализација на истите со донесување на повеке нови ДУП-ови.

За веродостојноста на идејните решенија од некогашните еминентни битолски урбанисти од кои некој ја крaдел идејата СДСМ работи со факти и без лаги а не со празни флоскули кражби и лаги.

Oд ВМРО – ДПМНЕ во меѓувреме решија да не ја поддржат нели “сопствената” идеја за катна подземна гаража која сега е повлечена од нивната официјална Програма.

You must be logged in to post a comment Login