Како партизмот го убива патриотизмот!

Ако во идеолошката матрица на ВМРО – ДПМНЕ патриотизмот е фундамент, но и основен лост на сподвижување на партизмот, тогаш сосема нејасно е како и колку најновите супстрати во коалциските мешетарења со Алијансата на Села како предизборен коалициент, ќе го разјадат ова силно и секогаш конјуктурно јадро.

Очигледно, заради можни и евентуални изборни бенефити, ваквото коалицирање ја нагризува лојалноста на членството, на неколку генерации традиционални поборници на оваа десничарска идеа и идеологија, кои себе си се нарекуваат: “вистиснки патриоти”, “чисти патриоти” и “чесни патриоти”.

Барем тридецениските искуства покажуваат дека ваквите политикански лупинзи, речиси секогаш создавале дефетизам, што ќе рече, не го напуштаат бродот кој кормиларите го едрат во немирни и разбранувани води, но затоа , пак, не одат на митинзи и апстинираат на избори со сочни пцовки за една промашена политика.

Па, ајде малку поконкретно, како излгеда сето тоа сега.

Дотичниот коалициент на Мицко Зијадин Села, кој многу му помогна на Заев да се устоличи на власт, а овој го пушти низ вода, на митинзите се пофали дека неговата Алијанса иако е во опозиција, успеа да го издејствува донесувањето на Законот за државјанство. За потсетник, пратениците на ВМРО – ДПМНЕ гласаа против, ама раководството се заортачија токму со него, иако и тие имаат сурат како ѓон, зашто велеа дека со македонската десница олицетворена во ВМРО никогаш нема да коалицираат пошто него признаваат Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија.

Е, сега драги и вистински патриоти, кој кому да верува, кој кого по прв ќе зезне.

Доволно е Заев на селистите да им да даде една лажица албанска конјуктура, па ќе заборават со кого се ортачеле за овие локални избори. Од друга страна Мицко, ајде нека ги натера патриотите да гласаат за коалициската братија, или пак, ако веќе им е преку глава, воопшто да излезат да гласаат!

Впрочем политолошката наука еден век на назад феноменот на дефетизмот го има објаснето како “реален процес” во измешани или спротиставени програмски постулати, само и само, заради механичка изборна дружба кои на крај завршуваат со сериозна меѓусебна хаварија.

Како во овој случај, нели.

Последица на тоа, во случајов е нагризаниот патриотизам. И уште еден мал потсетник, со каков речитатив и провокативен вокабулар Села го продаваше своето албанофилство наспроти македонофобството грубо и без кантар! Дали некој заборавил, особено од вмровското членство, дека јасно и гласно тој кажуваше дека штом дојдат на власт, од работа ќе бркаат Македонци?

Што е ова: радикализам, фобија, супремација, закана, што?

Сега, со “спуштени пантолони” откако Заев го испрати по вода во мочурливата политичка неизвеснот, се ортачи со Мицко! А тој, прашање е колку на кантар ја изесапил прагмата со оваа коалициска дружба, наспроти разочарувањето на искреното членство кое не пие мастило и кое држи до својата патриотска позиција.

Тие, голем број од нив, ќе одговорат на вистински начин и ќе влезат во гласачка демисија, зашто одамна имаат сфатено дека партизмот како во овој случај, го убива патриотизмот.

Или, во основа, никој никому не може да чепка во душата.

You must be logged in to post a comment Login