Ги зајакнуваат коските, го намалуваат апетитот и се одлични за целиот организам: Кој јаткаст плод е добар за што?

Без никаков сомнеж, јаткастите плодови придонесуваат за урамнотежена исхрана и се препорачуваат како ужина.

Тие заситуваат, содржат протеини и здрави масти, витамини од групата Б и Е и минерали како магнезиум, калиум, калциум, фосфор, железо, цинк…

Експертите препорачуваат да се консумираат самостојно, а дневната препорачана доза е околу 30 грама односно една шака јаткасти плодови. Доколку сакате богати оброци, можете да ги комбинирате со свежо овошје, во колач или со грчки јогурт.

За полесно да го изберете најдобриот јаткаст плод за вас, во продолжение прочитајте ги здравствените придобивки за секој од нив.

Бадеми
Бадемите помагаат во зајакнување на коските, но и мускулите. Како извор на фосфор и магнезиум, бадемите ја ублажуваат анксиозноста и раздразливоста, поттикнуваат квалитетен сон и ја елиминираат несоницата.

Ф’стаци
Ф’стаците го регулираат нивото на шеќер во крвта, ја поттикнуваат работата на метаболизмот и ја подобруваат вредноста на липопротеините.

Ореви
Оревите се вистински избор за физички активните луѓе бидејќи содржат мноштво антиоксиданти. Познато е дека оревите се одлични за подобрување на помнењето и работата на мозокот, како и за одржување на витката линија и доброто варење.

Лешници
Доколку сакате да ја намалите вредноста на лошиот холестерол, да спречите анемија и да ја подобрите работата на црниот дроб, лешниците се вистинскиот избор за вас. Тие содржат растителни влакна, железо, фосфор, фолна киселина, калциум, магнезиум и витамин Б.

Индиски ореви
Индиските ореви се препорачуваат пред тренинг бидејќи во себе содржат здрави масти. Покрај тоа, богати се со протеини и јаглехидрати.

Семки од сончоглед
Поради присуството на триптофан, овие семки го намалуваат апетитот, а со самото тоа поволно влијаат на телесната тежина.

Костени
Предноста на костените е високата концентрација на влакна од една страна и ниската вредност на масти, јаглехидрати и шеќери од друга. Затоа, костените се одлични ако држите диета или како дел од здравата избалансирана исхрана.

Семки од тиква
Семките од тиква се одлични во подобрување на варењето и работата на дигестивниот систем. Тие ги намалуваат воспаленијата во телото и го подобруваат сонот.

Кикирики
Кикириките содржат добри масти, витамин Е, витамин Б3 како и фолна киселина која е многу важна за жените во бременоста.

You must be logged in to post a comment Login