Манескин објавија нов хит, кој веќе има над два милиони прегледи

Манескин“, објави нова песна со наслов „Mammamia“.

Новата песна за само неколку дена успеа да добие речиси два милиони прегледи и 126 илјади лајкови.

Оваа песна бендот веќе ја изведуваше во живот во Берлин и ова е првата песна која ја напишаа по победата на Евровизија.

Како што изјавиле за медиумите, песната зборува за перцепцијата која луѓето ја имаат за некого, додека тој некој целосно е поразличен од тоа што тие претпоставуваат.

You must be logged in to post a comment Login