Заради кражбата на „ТОМА“ реагираше и ФБИ! Пиратите го пуштија филмот на социјалните мрежи

И токму кога филмот „Тома“ дојде до неверојатна бројка од 500 000 гледачи, се појави линк со пиратска снимка од филмот на Драган Бјелогрлиќ. Тоа стана централна вест во Србија, а дошла и до агентите на ФБИ кои по итна постапка ги забраниле сните пиратски снимки на филмот на Бјела во Америка и најавиле истрага.Причината за вмешаноста на ФБИ е тоа што премиерата, како и подоцнежните проекции на филмот на американскиот пазар се очекуваат на 7 ноември. Со оглед на тоа дека се работи за криминал на кој властите во САД е особено чувствителни и не зачудува оваа експресна реакција.

ФБИ е цврсто решен да им застане на пат на пиратерите, кои сакале бесплатно да го делат филмот во пресрет на премиерата. ФБИ би можел да поднесе обвинение за оние кои се обиделе да ја го пласираат нелегално популарниот филм.

Големата американска премиера на „Тома“ е најавена за 7 ноември во Чикаго, каде се снимени осум сцени од филмот за популарниот пејач на народна музика Тома Здравковиќ. Тома во 70-те неколку години од својот живот поминал токму во Чикаго каде и ги напишал своите најубави песни, се оженил со Гордана, но и дознал дека има рак.

You must be logged in to post a comment Login