Над 1.000 ѕвезди ќе паѓаат во еден час во ноември

Најмногу метеори треба да има ноќта помеѓу 17 и 18 ноември, кога би можеле да се видат и до 15 метеори на час, но можеби тешко ќе се гледаат поради Месечината.

Во ноември се појавува метеорскиот дожд „Леониди“, бидејќи нашата планета секоја година во овоуј месец поминува низ опашката на кометата 55П/Темпел-Татл и тогаш делови од опашката на кометата горат во атмосферата на Земјата. Ние ги гледаме деловите што горат во атмосферата како ѕвезди што паѓаат.

Името на метеорскиот дожд доаѓа од соѕвездието Лав, од кое изгледа дека метеорите зрачат додека ги гледаме на небото.

Во текот на овој метеорски дожд понекогаш може да се забележат и над 1.000 ѕвезди што паѓаат во еден час. Метеорите што паѓаат се светли и многу брзи. Не се очекува годинешниот метеорски дожд да биде толку активен, но вреди да се гледа.

Најмногу метеори треба да има ноќта помеѓу 17 и 18 ноември, кога би можеле да се видат и до 15 метеори на час, но можеби тешко ќе се гледаат поради Месечината.

Метеорите најдобро може да се видат на место со минимално светлосно загадување, за подобро да се забележат се препорачува навикнување на очите на темнината.

You must be logged in to post a comment Login