„Во трка за Оскар“: „Сестри“ на Дина Дума ќе биде македонскиот кандидат за оваа престижна филмска награда

Филмот „Сестри“, во режија на Дина Дума, е македонскиот кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ за 2022 година.

Како што соопштија од Друштво на филмските работници на Македонија, одлуката е донесена од страна на Комисијата за избор на македонски кандидат за оваа награда, составена од Дејан Димески – кинематографери претседател на Комисијата, Роберт Јанкуловски – фотограф и кинематографер, Петар Богоевски – дизајнер на светло, Несрин Таир – актерка, Снежана Поњевиќ-Муча – сценографка, Александар Пејовски – композитори, Дритон Вејсели – актер, а прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

Во конкуренција за кандидатурата бил и филмот „Исчезнатиот“, филм во режија на Арбен Тачи.

Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 94. церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи во недела, 27 март 2022 година, во Лос Анџелес.

You must be logged in to post a comment Login