Кандидатот за градоначалник на Гази Баба на ВМРО-ДПМНЕ бил во затвор за продажба на марихуана?

Како што пренесуваат некои од медиумите, пред повеќе од десет години, за пуштање во промет на наркотични дроги, поточно за над половина килограм марихуана, на кандидатот за градоначалник од општина Гази Баба, од ВМРО-ДПМНЕ – Бобан Стефковски, му била изречена три месеца затворска казна.

Припадниците на МВР утврдиле дека марихуаната била чувана во напуштен објект во населбата Ќерамидница, а наводно Стефковски заедно со уште едно лице потоа дрогата ја препродавал.

По апсењето, на актуелниот кандидат за градоначалник на Гази Баба му бил изречен притвор, а пресудата со која му е определена и затворска казна, потоа била потврдена и од Апелација.

Инаку, Стефковски е државен советник восекторот за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа при Министерството за труд и социјална политика и е актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба.

You must be logged in to post a comment Login