На метар од успехот!

Ако е правилно она што сакате да го направите и ако верувате во тоа, само напред, направете така!

Ако ни прети враќање на режимско владеење, да правилно е нашето бидејќи сме подготвени и решени да останеме на се, додека не го добиеме она кон кое тежнееме. А ќе го добиеме она кон кое тежнееме кога ќе го направиме она во кое веруваме.

Една од најчестите причини за неуспех е навиката да се откажеме кога ќе не погоди привремен пораз.

Цитaт: “Мајстори на успехот” Р.У. Дарби, кој подоцна станал еден од најуспешните продавачи на осигурување во Земјата, ја раскажува приказната за својот чичко кој го зафатила златната треска па отишол на запад да копа и да се збогати.

Не знаел дека повеќе злато можа да се стекне со главата отколку со користење на лопатата. Стекнал право на парцела и почнал да работи со мотика и лопата. Не било лесно, но неговата жед за злато била јасна.

По една седмица напорна работа бил награден со откритие на блескавата руда. Му била потребна машинерија да ја извади рудата на пoвршина. Незабележливо го покрил рудникот, се вратил дома и им раскажал на роднините и на неколкумина соседи за откритието. Заедно собрале пари за потребната механизација и ја испратиле на градилиштето.

Првиот вагон руда бил ископан и испреатен во топилница.

Добивката покажала дека поседуваат еден од најбогатите рудници. Со уште неколку такви вагони руда би ги вратиле долговите, а потоа би дошло големото богатство. Дупчалките тргнале надолу. Надежите на чичкото и на Дарби тргнале нагоре.

Потоа се случило нешто.

Златната жица исчезнала!

Стигнале до крајот на дупката, а ќупот со злато веќе не бил таму! Копале и копале очајнички обидувајќи се повторно да ја најдат жицата, но безуспешно.

Најпосле решиле да се откажат.

За неколку стотини долари му ја продале машинеријата на човек што имал отпад и тргнале дома. Некои трговци со старудии се глупави но не и овој! Викнал рударски инжењер да го разгледа рудникот и направил пресметки.

Инжењерот му рекол дека проектот пропаднал бидејќи на сопствениците не им било познато постоењето на лажни жици. Неговите пресметки покажале дека жицата ќе биде пронајдена само на метар од местото каде што престанале да копаат Дарбиеви!!!

И точно таму е пронајдена.

Нема да дозволиме да ни се вратат луѓето кои 11 години пустошеа низ нашата држава, нема да дозволиме бидејќи веруваме. Да веруваме во она кое што треба да го направиме, веруваме, сакаме и можеме да успееме заедно со нашите сили и нашите способности да го победиме авторитаризмот со вредностите на демократијата.

Нема да се откажеме на метар од победата затоа што тоа не е само наша победа, тоа е и победа на универзалните човекови вредности, права и слободи.

You must be logged in to post a comment Login