“Победа” на полувреме

Лажни вести, лажни профили, лажно мнозинство, лажни владини притисоци, лажирај ова, лажирај она и на крај зар е можно на крај и лажна победа.

Да победа, но само за лидерот да се спаси на својата лидерска позиција.

Толку многу славје, скандирање, урлање за на крајот од денот да се утврди дека следи и втор круг.

О да и тоа славје е така смислено со цел да со тоа славење се создаде лажна победничка атмосфера, мислејќи дека народот во еуфорија повторно ќе ги гласа. Но заборавивме ли на тоа како тие владееја, уцени, закани, тендери на сите страни, стрико, вујко, татко, мајка сите свои вработени мои.

Заборавивме ли колку чинеше метар асфалт или пак една светлечка фонтана со век на траење две години.

Заборавивме ли дека диплома од факултет важи но само ако ти е “крстена” само од некој близок од власта. Не, сето ова не се заборава затоа што сето ова крои нечија судбина, затоа што поради сето ова многу мајки ги испратија своите деца на печалба во туѓина.

Немојте да се радувате на оваа ваша лажна победа бидејќи ова не е победа на вашата кретивност и умешност или пак вашите способности, туку ова е светлината на демократското право на човекот да излезе и гласа без при тоа власта да го уценува или пак да му се заканува како во ваше време.

Социјалдемократијата пукна со сиот свој сјај и тоа го знаат и ќе го почуствуваат и оние кои гласаа за вас. Но бидејќи се толку отруени од вашите демагогии потребно им е повеќе време за да реагираат поинаку.

Конечно државата фати нормален тек, тек на развој, просперитет, тек во кој човекот е човек со свое право на мислење и одлучување без при тоа да му креира платено рангирање по овој или оној основ на државата.

А победата, победата на изборите е тоа кога изборите се конечно завршени и кога гласовите се целосно и вкупно пребројани.

You must be logged in to post a comment Login